Суперкласико дефинитивно е откажано, а Меси е лут како рис: Тука бевме три дена, зошто не ни кажавте порано

4 mins read

Натпреварот од квалификациите за пласман на СП 2022 година помеѓу Бразил и Аргентина и дефинитивно е откажан откако бразилските здравствени власти предизвикаа хаос на теренот.

 

Имено, тие заедно со полицијата влетаа на теренот и се обидоа да ги спречат аргентинските репрезентативци Кристијан Ромеро, Џовани ло Селсо, Емилијано Мартинез да го одиграат натпреварот. Тројцата фудбалери заедно со Буендија кој беше на клупата за резервни играчи, настапуваат во англиската Премиер лига и поради тоа мора да поминат 14 дена во карантин.

Откако нивните колеги беа отстранети од теренот, аргентинските репрезентативци се повлекоа во соблекувалната и побараа натпреварот да се регистрира со службен резултат 0:3 во нивна корист.

Додека траеше хаосот на теренот, Лионел Меси ги запраша бразилските службеници кои го прекинаа натпреварот: Бевме тука три дена, чекавме да играме. Зошто не не известивте порано?“.

Не му беше јасно што се случува ниту на аргентинскиот селектор Лионел Скалони.
–  Никој ништо не не извести.

Проблемите започнаа кога Аргентинците кои играат во Премиер лигата, Ромеро, Мартинез, Ло Селсо и Буендија, дале лажни информации за своето движење. Имено, за сите кои во Бразил доаѓаат од Велика Британија мора да поминат во задолжителен карантин од 14 дена, а тие не пријавиле дека пристигнале од оваа европска држава.

Бразилските медиуми открија дека припадници на бразилското министерство за здравство кога дознале дека четворицата аргентински фудбалери дошле од Велика Британија, сакале да ги депортираат од Бразил, но предоцна пристигнале во хотелот бидејќи „гаучосите“ тргнале кон стадионот.

 

Во исто време бразилските власти биле подготвени да им дадат дозвола за Аргентинците да играат, но од Министерството за здравство  не сакале да слушнат за такво нешто.

Беа упорни, тргнаа кон стадионот, но поради големиот сообраќаен метеж, задоцниле на стадионот и натпреварот започна. Потоа имале разговор со претставниците на фудбалската федерација на Бразил, со Конмебол и со фудбалската федерација на Аргентина и сите тие им порачале дека натпреварот може да продолжи да се игра. Но, претставниците на Министертството за здравство не ги прифатиле тие уверувања, влетаа на теренот и го прекинаа натпреварот во деветтата минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Израел е на прво место во светот по бројот на новозаразени по глава на жител

Следно

Во Србија во изминатото деноноќие регистрирани 2.800 новозаразени и 21 починато лице

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian