Се полни модуларната болница во Велес

1 min read

Во модуларната болница во склоп на велешката болница која поради напливот на Ковид пациенти повторно беше ставена во функција, вчера беа хоспитализирани четири пациенти, а денеска осум пациенти со Ковид-19.

Вкупно се хоспитализирани 58 пациенти, од кои 49 се потврдени позитивни, пет сомнителни и четири пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти.

– Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Починат е маж на 72-годишна возраст од Велес, позитивен, невакциниран, лекуван три дена на Инфективно одделение. Тој е 187 жртва во Велес и велешко од почетокот на Ковид пандемијата.

На Инфективното одделение се лекуваат 46, во Модуларна болница се лекуваат осум и на Интерното одделение четири пациенти.

За споредба вчера вкупно беа хоспитализирани 51, од кои 42 се потврдени позитивни, седум сомнителни во Велес и двајца пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка вчера беа 30, а денеска се 32 пациенти.

Моментално активни на болеста во Велес се 252 лица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Македонија води на полувреме, Велковски стрелец на првиот гол во ерата на новиот селектор Милевски

Следно

Во последните 24 часа регистрирани се 459 новозаразени, почина 21 лице

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian