Салах го шокираше Ливерпул , бара да има најголема плата во Премиер лигата

1 min read

Мохамед Салах е подготвен да остане на „Енфилд“, но под свои услови.
Откако Вирџил ван Дајк, Џордан Хендерсон, Трент Александер-Арнолд потпишаа нови договори, директорот во заминување Мајкл Едвардс сака да го „врзе“ и Салах со нов договор.

Египетскиот репрезентативец нема ништо против да остане во Ливерпул, има 29 години и според менаџерот Јирген Клоп тој се наоѓа во најдобрите години, но барањата на фудбалерот се нереални.

Имено, англиските медиуми пишуваат дека Салах бара половина милион фунти неделна плата, односно околу 28 милиони евра по сезона за да потпише нов договор со што би станал најдоброплатен фудбалер во историјата на клубот, но и во историјата на Ливерпул.

Ова барање за управата на Ливерпул засега е нереално бидејќи, најголема неделна плата има Ван Дајк која изнесува 220.000 фунти, а за Салах е подготвена да издвојува 300.000 фунти неделно.
Актуелниот договор на Салах со Ливерпул е до 2023 година и се очекува доколку не дојде до договор, идното лето египетскиот репрезентативец да биде продаден бидејќи интерес за него пројавуваат најголемите европски екипи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почнува пописот на населението, домаќинствата и становите

Следно

Уапсен советник на црногорскиот претседател

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian