Реал ќе потроши брдо пари за Мбапе иако на „Сантијаго Бенабеу“ ќе пристигне како слободен играч

1 min read

Управата на Реал Мадрид е убедена дека Килијан Мбап идната година година ќе потпише за „кралскиот клуб“, но тој потпис многу ќе го чини шпанскиот тим.

Шпанските медиуми повикувајќи се на извори блиску до Мбапе, тврдат дека Реал Мадрид би можел да плати дури 80 милиони евра бонуси за фудбалерот кој на „Сантијаго Бернабеу“ треба пристигне како слободен играч.

Не е тајна дека фудбалерите кои се слободни во изборот на новиот клуб, имаат право да бараат дополнителни бонуси и да бараат повеќе пари, посебно доколку се од рангот на Килијан Мбапе.
Весникот „Марка“ пишува дека интересот на останатите екипи како и поради податокот дека е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Мбапе има можност идното лето да добие брдо пари, исто како и неговите агенти.

Покрај 80 милиони евра кои би требало да ги добие само за потписот со Реал Мадрид, Мбапе се очекува да има и голема плата која сигурно е дека нема да биде помала од 20 милиони евра годишно, што значи дека шпанскиот тим за петгодишен договор со францускиот репрезентативец би потрошил околу 200 милиони евра нето, сума која сигурно ќе биде за 100-тина милиони евра поголема по плаќањето на даноците кои се на товар на клубот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Путин подготвен за преговори со Зеленски, но сè уште без политичка волја од Киев

Следно

Талибанците со солзавец го растурија протестот на жените во Кабул

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian