На снимката на Вечерњи Новости се гледаат силни безбедносни сили кои од земја го следат хеликоптерот што го пренесува свештенството.
Патријархот и митрополитот беа пречекани со аплауз и црковни sвона и извици „Достоен!“.
Од вчера попладне сите патишта кон Цетиње се блокирани, а полицијата под целосна опрема се обидува да ги спречи демонстрантите да се приближат до манастирот.
Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења и молотови коктели, а таа возврати со солзавец.