Почна бунтот против на ФИФА и идејата Мундијалот да се игра на две години: Играчите ќе експлодираат

2 mins read

Фудбалерот на Барселона и на шпанската репрезентација, Серхио Бускетс јавно се спротивстави на идејата на челниците на Светската фудбалска федерација (ФИФА), која сака Светското првенство во фудбал да се игра на секои две години.

Ваквата идеја ја покренаа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој моментно е директор на тимот за развој во ФИФА.

Ззсега оваа идеја наиде на отпор од УЕФА и нејзиниот претседател Александар Чеферин, додека прв кој јавно ги искажа своето негодување од можноста Мундијалите да се играат на секои две години е играчот на Барселона, Серхио Бускетс.

– На одлуката за оджување на Светското првенство на секои две години, фудбалерите не можат многу да влијаат. Видовме дека календарот стана „поголем“, односно има повеќе натпреварувања и тие не се грижат за нас. Тие сакаат повеќе пари, повеќе Светски првенства, повеќе светски клупски првенства, повеќе натпревари во лигите. Едноставно сакаат повеќе натпревари во секое натпреварување. Се помалку време се посветѕва на нас фудбалерите. Ќе дојде момент кога фудбалерите ќе „експлодираат“ бидејќи натпреварите се потешки и понапорни, а ние имаме помалку време за одмор – изјави Бускетс кој потсети на минатото лето кога исто така имаше премногу натпревари.

– Неверојатно е тешко да се носите до тоа, минатото лето видовме како изгледаше тоа кога се се поклопуваа термини од различни натпреварувања. Сево ова ќе донесе негативни последици и затоа е потребно да дојде до средба и да се сослушаат сите страни – додава Бускетс кој е и капитен на шпанската репрезентација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје, Никола Пановски носител на советничка листа од коалицијата „Одлучно за промени”

Следно

Левица: Поднесена кривична пријава против директорот на ДЗС Беким Максути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian