Откриени деталите, Меси ќе останеше на „Камп Ноу“ доколку Гризман беше продаден порано

2 mins read

Летниот преоден рок сигурно е најтажен за навивачите на Барселона бидејќи останаа без најдобриот играч на сите времиња, Лионел Меси. Аргентинецот си замина од „Камп Ноу“ бидејќи Барселона не можеше да го регистрира неговиот договор поради огромните долгови, по што Меси потпиша за ПСЖ.

Но, каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Меси ќе останеше во Барселона доколку беше продаден Антоан Гризман и со тоа управата дополнително го навлече гневот на навивачите.

Весникот кој имаше увид во деталите од договорот на Гризман, откри дека Барселона со испраќањето на францускиот репрезентативец во Атлетико Мадрид ќе заштеди дури 200 милиони евра во наредните три години.

Според податоците од договорот, платата на Гризман од година во година се зголемувала, за двете години ги помина на „Камп Ноу“, Французинот заработи 17 и 18 милиони евра нето, додека останатите три години требаше да инкасира 19, 20 и 21 милион евра. Но, тоа не е се, неговата плата би била голема поради бонусите за одиграни натпревари, постигнати голови и освоени трофеи.

Само од платата на Гризман, Барселона заштеди 60 милиони еврра, но бидејќи клубот ги плаќа и даноците, заштедата е помеѓу 120 и 140 милиони евра. Доколку на оваа сума се додаде и обесштетувањето кое Атлетико Мадрид се обврза да го исплати, 10+40 милиони евра, Барселона заштеди речиси 200 миолиони евра со заминувањето на Антоан Гризман.

Поради ова, управата на клубот го навлече гневот на навивачите кои се прашуваат дали Гризман можеше да биде продаден порано, а не да се чекаат последните часови од преодниот рок. Тие сметаат дека доколку Гризман си заминеше порано, клубот ќе можеше да го регистрира договорот на Лионел Меси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амбасада на САД во Црна Гора: Итно да се смират тензиите

Следно

Вучиќ: Очекувавме нереди, но митрополитот и патријархот инсистираа да се одржи устоличувањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian