Објавен факсот со кој бараше да си замине од Барселона: Искрено ваш, Лионел Меси

4 mins read

Лионел Меси минатиот месец со солзи во очите ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ. Поради катастрофалната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона, долгот изнесува неверојанти 1.3 милијарди евра поради што не можеше да го регистрира новиот договор со Лионел Меси, па Аргентинецот мораше да си замине од клубот во кој ја помина целата кариера.
Исто така во последниот ден од преодниот рок беше продаден и вториот најскап фудбалер, Антоан Гризман.

Сега неколку дена по завршува на летниот преоден рок во јавноста се појавија чувствителни документи кои даваат увид во работата на поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.

Проблемите за Барселона започнаа на почетокот од минатата година кога беше откриено дека поранешниот претседател Бартомеу плаќал маркетинг агенции кои на социјалните мрежи ги омаловажувале сите кои се против него, а не беше поштеден ниту Меси.

Работите кулминираа минатото лето кога Меси преку факс побара да си замине од Барселона и преку фак“ побара да му биде дозволено да го напушти клубот. По одбивањето на неговиот предлог и долгите преговори, Аргентинецот се откажа од својата намера и ја одигра сезоната како член на Барселона.

Една година подоцна, односно ова лето иако беше договорено да потпише нов договор, Лео Меси си замина и тоа поради големите финансиски проблеми во кои се наоѓа Барселона.
Документот кој го задржа Меси на „Камп Ноу“ уште една година, конечно излезе во јавноста и истиот го објави „Мундо Депортиво“.

Познатиот „бирофакс“ со кој бара Барселона да го пушти да си оди, беше испратен од неговата канцеларија на 24. август 2020 година во 18.19 часот. Тој се повика на клаузулата во договорот која му овозможуваше една година пред истекот на истиот да ја напушти екипата.

„Во согласност со клаузулата 3.1 од договорот потпишан на 25. Ноември 2017 година, имам желба да ја прекинам соработката како професионел фудбалер од 30 август 2020 година“, стоеше во првиот пасус од факсот кој го испрати Меси.

Спомената 3.1 клаузула му овозможуваше на Меси на крајот од сезоната 2019/20 да го напушти клубот без обесштетување, но главниот адут на Барселона во желбата да го задржи Аргентинецот беше рокот за искажување на желбата да си замине.

Во договорот беше дефиниран и датумот до кој Меси може да ја напушти Барселона како слободен играч. Имено, Меси мораше до 10. јуни 2020 година да се изјасни дека сака да си замине од Барселона. Фудбалерот се правдаше дека поради пандемијата на коронавирус сезоната беше продолжена и поради тоа мора да го продолжи и рокот за изјаснување.

„Спомената клаузула мора да се земе во предвид со околностите во кои сезоната 2019/20 беше одиграна поради вонредната ситуација која настана поради пандемијата на коронавирусот“, стои исто така во факсот испратен од Меси во кој објаснува дека сезоната завршила на 23 август кога беше одиграно финалето во Лигата на шампионите, а тој истиот го испратил веќе наредниот ден.

Во последниот пасус, Меси тврди дека неговата желба за разделба е оправдана.
„Бо секој случај, за помалку од десет дена по завршување на сезоната, почитувајќи ги условите од клаузулата 3:1 и во согласност со нашиот договор кој мора да се толкува во согласност со невообичаените услови во кои се играше сезоната 2019/20, го користам своето право да го раскинам договорот на 30 август 2020 година. Искрено ваш. Лионел Меси“.

Сепак, Бартомеу и останатите членови на претходната управа не го прифатија барањето на Меси и им порачаа на сите заинтересирани клубови дека ќе мора да платат 700 милиони евра обесштетување доколку сакаат да го ангажираат Аргентинецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пожарот на Галичица се спушти на 1.600 метри надморска височина, во гаснењето се вклучи хеликоптер

Следно

Струмичанец со огнено оружје усмртил куче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian