Никој не ни кажа дека тие фудбалери не можат да играат

2 mins read

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони е разочаран што натпреварот на „гаучосите“ против Бразил е прекинат.

Најголемото репрезентативно фудбалско дерби на светот започна, но во седмата минута беше прекинато кога претставник на здравствените власти на Бразил влета на теренот. Официјалното соопштение гласеше дека тоа е направено бидејќи не можело да се обезбеди здравствена контрола, а спорни биле четворица аргентински фудбалер Мартинез, Ромеро, Ло Селсо и Буендија кои доѓааат од Велика Британија и според бразилските закони мора да поминат 14 дена во карантин.

Невиден скандал: Здравствените власти го прекинаа дербито помеѓу Бразил и Аргентина

– Ниту еден момент не ни беше кажано дека тие не можат да играат на натпреварот. Ние сакавме да играме, исто како и бразилските фудбалери и овие настани ме растажија. Не сакам да навлегувам во расправии дали некој бил во право или не, но теренот не беше место за таква интервенција. Сакам сите Аргентинци да знаат дека како селектор мора да ги бранам своите играчи – изјави Скалони.

Дека правилата и протоколите се почитувани, односно е добиена дозвола да настапат четворицата фудбалери потврди и претседателот на фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапија.

-Мислам дека на можеме да зборуваме за некакви лаги или нешто слично. Постојат јасни здравствени протоколи и датуми за натпревари кои ги одреди ФИФА, власите на секоја земја поединечно ги одобруваат протоколите и ние се придржуваме кон истите. Ние дури дојдовме со чартер лет, но вечерва го доживеавме ова. Четири лица кои не носеа маски го прекинаа натпреварот – изјави Тапија.  

Суперкласико дефинитивно е откажано, а Меси е лут како рис: Тука бевме три дена, зошто не ни кажавте порано

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Романија во победнички ритам доаѓа во Скопје, убедливи триумфи на Германија и Шпанија

Следно

Најмалку четири авиони со денови не смеат да полетаат од аеродромот во Кабул

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian