Невиден скандал: Здравствените власти го прекинаа дербито помеѓу Бразил и Аргентина

1 min read

Неверојатни сцени на најголемото репрезентативно фудбалско дерби помеѓу Бразил и Аргентина кои донесоа прекин на натпреварот.

Здравствените власти на Бразил одредија карантин за четворица аргентински репрезентативци кои играат во англиската Премиер лига, и тие не требаше да настапат на вечерашниот квалификациски натпревар.

Сепак, по притисоците од Конмебол (Фудбалска федерација на Јужна Америка), Емилијано Мартинез, Емилијано Буендија, Џовани ло Селсо и Кристијан Ромеро добија дозвола да играат на вечерашниот натпревар во Ресифе, но со таа одлука не се согласија бразилските државни власти.

Поради тоа во Ресифе настана вистински хаос откако бразилските здравствени власти го прекинаа натпреварот за да ги приведат четворицата аргентински фудбалери поради што натпреварот е прекинат.

Според бразилските здравствени власти, четворицата фудбалери наводно на им кажалена имиграциските власти дека неодамна биле во Велика Британија и по влегувањето во Бразил не биле 14 дена во карантин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забележана мечка во паркот Грмија во Приштина, се апелира до граѓаните да избегнуваат негова посета

Следно

Во Флорида убиена четири лица, меѓу кои и мајка со бебе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian