Невиден скандал: Полицијата го прекина дербито помеѓу Бразил и Аргентина и уапси аргентински фудбалери 

1 min read

Неверојатни сцени на најголемото репрезентативно фудбалско дерби помеѓу Бразил и Аргентина кои донесоа прекин на натпреварот.

Здравствените власти на Бразил одредија карантин за четворица аргентински репрезентативци кои играат во англиската Премиер лига, и тие не требаше да настапат на вечерашниот квалификациски натпревар.

Сепак, по притисоците од Конмебол (Фудбалска федерација на Јужна Америка), Емилијано Мартинез, Емилијано Буендија, Џовани ло Селсо и Кристијан Ромеро добија дозвола да играат на вечерашниот натпревар во Ресифе, но со таа одлука не се согласија бразилските државни власти.

Поради тоа во Ресифе настана вистински хаос откако полицијата го прекина натпреварот за да ги приведе четворицата аргентински фудбалери поради што натпреварот е прекинат.

Според бразилските здравствени власти, четворицата фудбалери наводно на им кажалена имиграциските власти дека неодамна биле во Велика Британија или друга држава во која Бразил е на црвената листа поради пандемијата на коронавирусот, а по влегувањето во оваа држава не биле 14 дена во карантин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Веспрем и Манасков ја одбранија титулата во СЕХА Лигата

Следно

Забележана мечка во паркот Грмија во Приштина, се апелира до граѓаните да избегнуваат негова посета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian