Најмалку четири авиони со денови не смеат да полетаат од аеродромот во Кабул

1 min read

Најмалку четири авиони, изнајмени за евакуација на неколку стотици луѓе кои се обидуваа да го напуштат Авганистан, со денови не можат да ја напуштат земјата, соопштија денеска официјалните лица.

Постојат контрадикторни извештаи зошто авионите не можат да полетаат, објави АП.

Авганистански претставник на аеродромот во северниот град Мазар-Шариф изјави дека потенцијалните патници се Авганистанци, од кои многумина немаат пасоши или визи, па затоа не можат да ја напуштат земјата.

Тој рече дека го напуштиле аеродромот додека не се реши ситуацијата.

Еден републиканец во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, рече дека во таа група има Американци кои се заглавени и седат во авионите, но дека Талибанците не им дозволуваат да полетаат, „држејќи ги како заложници“.

Тој не наведе од каде ја добил таа информација.

Еден авганистански службеник, кој зборуваше под услов да не биде именуван поради чувствителноста на темата, рече дека станува збор за четири авиони, и дека патниците кои имале намера да заминат престојуваат во хотелите додека властите не одлучат дали можат да го напуштат земја.

Проблемот, посочи, е што многумина немаат патни исправи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Никој не ни кажа дека тие фудбалери не можат да играат

Следно

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Евтихиј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian