Морати верува во Португалецот: Мурињо ќе доминира во Серија А

1 min read

Поранешниот сопственик и претседател на Интер, Масимо Морати смета дека доаѓањето на Жозе Мурињо во Рома е најинтересниот момент оваа сезона во Серија А.

– Многу сум среќен поради Жозе, ова е одлична можност за него и за навивачите на Рома. Мурињо е тренер кој влева самодоверба и сигурен сум дека сите ќе бидат среќни. Тој има таков ефект. Неговот доаѓање во Рома е вистински потег и за клубот и за Мурињо кој сака да победува и е полн со енергија – вели Морати.

Масимо Морати 18 години беше на чело на Интер (1995-2013) и за тоа време освои една титула во ЛШ, едно светско клупско првенство, еден триумф во Купот на УЕФА, пет титули во Серија А, четири во Италијанскиот Куп и Суперкуп, а е најзаслужен што Мурињо дојде на „Џузепе Меаца“ и со Интер за две сезони освои пет трофеи. Морати мисли дека Муруњо јавно нема да зборува за напад на титулата но сигурно е дека верува во таа цел.

– Мислам дека нема да зборува за тоа бидејќи е свесен оти тоа е комплицирана но не и невозможна цел. Верува во тоа и сака да дојде до трофејот, бидејќи сметам дека Мурињо не се задоволува со борба за трето или четврто место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италија планира да ја пресели Амбасадата од Кабул во Доха, Катар

Следно

Опозицијата го промовираше својот кандидат за градоначалник на Кичево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian