Млад човек со огнено оружје повреди 7 лица во Џорџија, полицијата нуди 1.000 долари за некаква информација

1 min read

Седум лица се повредени денеска во американската сојузна држава Џорџија, кога маж отвори оган врз маса луѓе, објави полицијата.

Пукањето се случило во центарот на Атина во раните утрински часови по избувнувањето на голема тепачка, објави полицијата на областа Атина-Кларк, пренесе АП.

Повредите на сите седум лица не се опасни по живот, изјави полицискиот поручник Шон Барнет.

Полицијата трага по 21-годишен маж осомничен за нападот.

Беше понудена награда до 1.000 долари за информациите што би довеле до негово апсење, објави весникот „Атина Бенер Хералд“.

 

 

Извор: АП

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Свечено затворени Параолимписките игри

Следно

Израел е на прво место во светот по бројот на новозаразени по глава на жител

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian