Милевски: Резултатот е неправеден, бевме многу подобар противник

1 min read

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, по ремито од 2:2 против Исланд во кое неговите избраници од готово направија вересија, смета дека ремито е неправеден резултат.

Македонија до 78 минута имаше предност од 0:2, но потоа прими два гола и наместо со три, во Скопје се враќа со еден бод.

– Мислам дека Македонија беше далеку подобар противник, покажа врвен фудбал цели 75 минути и овој резултат е неправеден, но… Морам да им честитам на фудбалерите на Исланд дека покажаа карактер и не се откажаа до крај. Морам да бидам задоволен моите играчи како го одиграа мечот, но не и како го завршивме. Одигравме 70-на минути перфектен фудбал, а головите кои ги примивме беа по наши грешки.  После тој гол што го примивме по наша вина, психолошкиот момент беше пресуден. Што се случи ќе правиме детална анализа, а јас ќе повторам незаслужено загубивме два бода, но тоа е тоа, фудбалот е таков и одиме понатаму – изјави Милевски на прес-конференцијата по натпреварот.

Македонија ќе почека на победа во Исланд, фудбалерите во финишот ја испуштија победата

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел: Мораме да разговараме со Талибанците за да ги евакуираме оние кои работеа според договорот од Авганистан

Следно

Маричиќ: За само 12 часа попишани се 91.681 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian