Левица: Поднесена кривична пријава против директорот на ДЗС Беким Максути

2 mins read

Партијата Левица поднесе кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути. Партиското сопштение го пренесуваме во целост:

Изминативе денови, јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот за справување со кризи, овој пат со пожарот кој неколку дена беснееше на Галичица. Штетите по природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената стихија.

Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата” – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години.

Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните непогоди. Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на заштитата и спасувањето од пожари!

На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почна бунтот против на ФИФА и идејата Мундијалот да се игра на две години: Играчите ќе експлодираат

Следно

Песков: Членството на Украина во НАТО е непосредна закана за Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian