Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ откри тажна вест, повторно му е дијагностициран рак и се прости од пријателите

1 min read

Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ во разговор за словенечки Спортклуб откри дека е тешко болен и интервјуто го искористи да се прости од пријателите.
Во вторник, Хрватска ќе игра против Словенија во квлаификациите за СП 2022 година, што беше причина за интервјуто во Блажевиќ, но никој не очекуваше популарниот Чиро да го искористи тоа за да се прости од пријтелите во Словенија

– Отсекогаш сте биле зезнат, но поштен народ. Затоа ве сакам. И затоа вие ме обожавате мене, а и јас вас.  Драги пријатели, нашата љубов е безгранична. Вие ме сакате мене, ве сакам и јас, но морам да ви откријам тажна вест. Јас сум тешко болен. Стар сум и имам 86 години и доколку наскоро не дојдам, а веројатно нема да одам во Словенија, ја користам оваа можност да ја искажам својата љубов и да ги поздравам сите пријатели во Словенија. Достигнавте цивилизациско ниво за кое ние Хрватите тежнееме. За жал, морам да кажам збогум. Жал ми е. Песимист сум – изјави Блажевиќ.

Легендарниот хрватски тренер боледува од рак кој веќе два пати го победи. Првиот пат му беше дијагностициран во 2011 година, а потоа и седум години подоцна, а за жал ракот повторно се врати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците сакаат дипломатски односи со Германија

Следно

Османи итно формирал работна група за испитување на евентуална закана за МНР во врска со приведениот дипломат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian