Фактот што е на слобода Зоран Милевски Кичеец кој учествувал во сообраќајната несреќа, власта го правда со контрадикторни изјави. Еднаш велат дека тој е на слобода поради здравствени проблеми, после тврдат дека тоа е поради семејни причини. Очигледно дека власта на Заев се обидува нешто да забошоти и нешто да прикрие.
Кој ќе сноси одговорност за ова, прашуваме? Заев? Маричиќ? МВР на Спасовски? Или АНБ? Две лица загинаа во сообраќајната несреќа, а шест се повредени.
Сведоци сме дека на слобода се пуштени и други лица од подземјето, што говори дека овие лица ќе бидат искористени од страна на Заев за претстојните избори, и тоа ќе бидат искористени да вршат поткуп, притисоци и заплашувања на граѓаните со една единствена цел, а тоа е да го ублажат поразот на СДСМ.
Зоран Заев веќе не може да сокрие од никого дека владее криминално. Секој ден излегуваат коруптивни и криминални скандали, секој ден има нови докази дека мафијаши се во тесна корелација со власта. Се што фати Заев се криминализираше, па дури и дипломатијата. Еве пред некој ден во Србија е уапсен македонски дипломат и тоа баран со црвена Интерпол потерница. Не е ни чудо зошто владата на Заев е најкриминална и најкорупмпирана на сите меѓународни листи за корупција.
Лошата вест е дека со Заев криминалот царува и хара по Македонија. Тоа го гледаат веќе и членовите на неговата партија, го гледаат и неговите коалициски партнери и затоа го напуштаат бродот на Заев кој тоне. За да се спаси Македонија од криминал Заев треба да биде поразен. Тоа ќе ги спаси сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ, бидејќи неговата мафија ја држи државата во заложништво. Добрата вест е дека Заев ќе биде поразен многу скоро и ќе одговара за сите криминали – рече Лефков.