Квалификации за СП: Фудбалерите по прва гостинска победа против Исланд  

2 mins read

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 18 часот во Рејкјавик ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на СП 2022 година кое ќе се одржи во Катар.
Фудбалерите во Рејкјавик против Исланд ќе се обидат да го поправат впечатокот по натпреварот против Ерменија во Скопје кој заврши без голови.

Исто така, фудбалерите ќе се обидат и да дојдат до првиот триумф во Исланд, досега Македонија одигра два натпревари во Рејкјавик и има учинок од едно реми и еден пораз.
Ремито е остварено 1996 година кога во квалификациите за СП 1998 година кое се одржа во Франција, фудбалерите одиграа 1:1.

Вториот натпревар е одигран пред 12 години исто така во квалификации за СП 2014 година, но овој пат Исланд со голот на Веигар Гунарсон дојде до минимален триумф.
Селекторот Благоја Милевски кој против Ерменија дебитираше на клупата, најавува игра на победа.

– Ерменија останува зад нас, жалам за пропуштените два бода, но направивме сѐ што беше во нашите можности. Ни недостасуваше завршница и реализација. Се надевам сега тоа ќе го подобриме. Наше е да одиме да одиграме најдобро што знаеме, да одиме на победа. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Исланд е квалитетна екипаТреба да бидеме на нашето најдобро ниво ако сакаме позитивен резултат. Исланѓаните сакаат да играат фудбал, да го имаат поседот во свои нозе. Тоа е различно од она што сме го гледале во минатото. Имаат друга филозофија. Сакаат топка во своите нозе. Меѓутоа тоа ќе зависи од нас и од нашиот пристап. Детали и индивидуални потези ќе го одлучат натпревар – вели Милевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вкупно 12128 лица се провериле во избирачкиот список

Следно

Стоилковски: Кривична за Шилегов ако за 24 часа не покаже докумнети за семејната зграда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian