Кацаров: Можно е следната недела во Бугарија да биде дозволена трета доза вакцина против Ковид-19

1 min read

Можно е следната недела да се донесе одлука за трета доза вакцина против Ковид-19, најави бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров истакна дека консултативното тело следните денови ќе соопшти дали и во кои случаи ќе биде потребна трета доза вакцина.

– Доколку ова мислење е позитивно и се одредат категориите на лица, аплицирањето на трета доза официјално ќе биде дозволено и во Бугарија, посочи Кацаров, додавајќи оти приоритет ќе бидат возрасните лица.

Кацаров е категоричен дека од 94 до 96 проценти од хоспитализираните во Бугарија се невакцинирани граѓани, исто како и со смртните случаи.

Според Кацаров бројот на смртни случаи кај вакцинираните лица е еден на илјада, како и во случајот со грип. Додека помеѓу сто невакцинирани има четири смртни случаи.

Тој го обвини и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов дека самостојно одлучил да ја прекине вакцинацијата со АстраЗенека што резултирало граѓаните да одбиваат да се имунизираат со таа вакцина.

– Бугарија склучи договор за 4,5 милиони вакцини од АстраЗенека и некој не сака да се вакцинира со неа, наведе Кацаров

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците го објавија новиот кодекс на облекување за студентките

Следно

ФОТО: Македонија води на полувреме, Велковски стрелец на првиот гол во ерата на новиот селектор Милевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian