Фудбалската репрезентација на Македонија има предност од 0:1 по првите 45 минути на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2022 година против Исланд кој се игра во Рејкјавик.
Голот го постигна Дарко Велковски во 11 минута, и ова е прв гол на македонската репрезентација под водство на новиот селектор Благоја Милевски.

На одлично изведениот корнер од страна на Езгјан Алиоски, Велковски беше најспретен во петерецот на голманот Рунарсон, излезе на првата статива и со глава ја смести топката во мрежата.
До крајот на полувремето избраниците на селекторот Милевски ги контролираа случувањата на теренот, но немаше промени на резултатот.