Доманиција на Ферстапен во Холандија

2 mins read

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на Ф1 трката за Големата награда на Холандија која се возеше за прв пат по пауза од 36ѕ години. Холанѓанецот на домашен терен, на патеката „Зандворт“, дојде до седмата победа сезонава, а 17 во кариерата и го презеде првото место во генералниот пласман.

 

За доминацијата на Ферстапен, кој водеше во текот на целата трка, со исклучок на неколку кругови по првото заминување во пит стоп кога лидер беше Валтери Ботас, најдобро покажува податокот дека второпласираниот Луис Хамилтон од Мерцедес имаше околу 20 секунди заостанување. Третото место го освои вториот возач на Мерцедес, додека четврти е Пјер Гасли од Алфа Таури.

Од петтото до десеттото место се  пласираа Шарл Леклер од Ферари, Фернандо Алонсо од Алпине, Карлос Саинс од Ферари, Серхио Перес од Ред Бул, Естебан Окон од Алпине и Ландо Норис од Мекларен.
Со победата на домашен терен, Ферстапер го презеде водството во генералниот пласман и сега има 224.5 поени, три повеќе од Луис Хамилтон.

Шампионатот во Формула 1 продолжува веќе наредната недела со трката за Големата награда на Италија која ќе се вози на легендарната патека „Монца“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во последните 24 часа регистрирани се 459 новозаразени, почина 21 лице

Следно

Спротивставени изјави за ситуацијата во Гвинeја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian