Денес се празнува Светиот маченик Луп

1 min read

Овој свет маж беше слуга кај свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот Максимијан, којшто дотогаш се имаше задржано во Солун, па заповеда и Луп да го мачат и убијат. Но, војниците што ги исукаа мечовите на Луп ги свртеа еден против друг и си зададоа тешки рани меѓусебно. Кога го фатија Луп, иако беше христијанин, сè уште не беше крстен, та Му се молеше на Бога некако да го устрои неговото Крштение пред смртта. Тогаш тој миг се излеа вода од облак врз Светиот маченик и така прими крштение одозгора. По големи маки, го убија и се пресели во Небесното Царство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов, посилен земјотрес вечерва почувствуван во струмичкиот регион

Следно

СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО КРУГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР 05.09.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian