Баерн и Челси подготвуваат размена, Лерој Сане се сели на „Стемфорд бриџ“

2 mins read

Германскиот репрезентативец Лерој Сане минатата година се врати во Бундеслигата потпишувајќи за Баерн Минхен по четири години поминати во Манчестер сити, но се поизвесно е дека наскоро ќе се врати во Премиер лигата.

Сане по доаѓањето во Баерн Минхен мака мачи со повредите и досега постигна само шест голови и поради тоа го загуби местото во првиот тим кај новиот тренер Јулијан Нагелсман.

Поради тоа Сане размислува да побара да биде ставен на трансфер листата и посакува да се врати во Премиер лигата, но не во Манчестер сити каде играше четири години, туку гледа кон „Стемфорд бриџ“ и Челси.

Менаџерот на Челси, Томас Тухел нема ништо против доаѓањето на Сане бидејќи одлично се вклопува во неговата филозофија и веќе и порачал на управата на „сините“ да започне преговори со Баерн.
Челси кој сака трансферот да го реализира уште во зимскиот преоден рок, покрај одредена сума на пари е подготвен  да понуди и еден од тројцата фудбалери за кои Баерн покажува интерес.

Еден е Калум Хадсон-Одои кој е голема желба на баварците, а не добива премногу шанси иако Тухел верува во него и во летниот преоден рок го стопираше неговиот трансфер во Борусија Дортмунд.
Вториот е Хаким Зијех кој не може да се снајде во системот на Тухел. Според англиските медиуми, Зијех е физички преслаб за тоа што го бара Тухел и поради тоа често има проблеми со повредите. Баерн Минхен се обиде да го купи Зијех уште кога настапуваше за Ајакс, но тогаш Челси беше поконкретен и го донесе на „Стемфорд бриџ“ за 30 милиони евра.

Третиот фудбалер кој би можел да замине во Баерн е Кристијан Пучишич. Репрезентативецот на САД досега не успеа да го замени Еден Азар и иако има само 22 години, „сините“ би се согласиле да го пуштат во Баерн за да пристигне Сане.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 3 или 17 април

Следно

Истрага на грчкото обвинителство за десетици фиктивни вакцинации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian