Анкета: Речиси 75 проценти од Италијанците го одобруваат воведувањето санитарни пропусници  за борба против Ковид-19

1 min read

Речиси 75 проценти од Италијанците го одобруваат воведувањето санитарни пропусници и нивната широка употреба за борба против епидемијата со Ковид-19. Ова го покажува истражувањето на Институтот за истражување „Еуромедија”, чии податоци денеска ги објави весникот „Стампа”.

До неодамна, зелените пропусници беа задолжителни само за медицинскиот персонал. Од 1 септември, тие станаа задолжителни за наставниците во училиштата, како и за патниците на долги релации со воз, авион, брод или автобус.

Воведувањето таков документ за наставниците го одобруваат 76,1 отсто од испитаниците, а 21,4 отсто се против, 75,4 проценти од Италијанците се за негова употреба во транспортот, додека 21,9 проценти се против.

Во моментов, повеќе од 71 проценти од Италијанците постари од 12 години се целосно вакцинирани. Жртвите на коронавирусот во државата се повеќе од 129.000

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети: Верувајте во зеленото!

Следно

Во Албанија задолжителна вакцинација и за администрацијата, полицијата и фармацевтските работници  

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian