Амбасада на САД во Црна Гора: Итно да се смират тензиите

1 min read

 Американската влада ги повикува сите страни во Црна Гора итно да ја смират ситуацијата, соопшти американската Амбасада во Подгорица.

„Верските слободи и слободата на изразување, вклучувајќи мирно собирање, мора да се почитуваат. Иако имаше многу вперување со прст за тоа кој е одговорен, на крајот поединците ќе одговараат за своите постапки”, пишува на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД.

Митрополитот на СПЦ Јоаникиј денеска беше устоличен во манастирот Цетиње по свечена литургија. По свечениот чин на устоличување, тој замоли за прошка затоа што свештенството и патријархот видоа во Црна Гора многу непријатности и поделби. Јоаникиј беше устоличен со извици „Достоен”.Јоаникиј рече дека поделбите се вештачки предизвикани, и дека направиле се да ги отстранат, за што, како што рече, ќе треба многу време. Нагласи дека ќе служи за братско помирување во Црна Гора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши церемонијата за устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј

Следно

Откриени деталите, Меси ќе останеше на „Камп Ноу“ доколку Гризман беше продаден порано

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian