Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во Србија, а епицентарот е кај градот Нови Пазар во областа Санџак, оддалечен околу 300 километри од Скопје јавија локалните медиуми.
Според сеизмолозите, земјотресот бил на длабочина од три километри, а неговиот епицентар бил и на 11 километри југозападно од Нови Пазар.
Земјотресот го почувствувале жителите на целиот регион, а според српската Сеизмолошка опсерваторија, најсилно се почувствувал во близина на епицентарот кај селото Муровце.