Водачот на отпорот во Авганистан се закани дека ќе ја продолжи борбата против талибанците

1 min read

 Водачот на отпорот против талибанците во Авганистан денеска објави дека борбата ќе продолжи, јави ДПА.

„Нема да се откажеме од борбата за Алах, слобода и правда”, напиша на Фејсбук водачот на авганистанскиот национален фронт за отпор, Ахмад Масуд. Неговата изјава најверојатно е одговор на непотврдените извештаи дека Панџшир, единствената провинција надвор од талибанската контрола, била заземена и дека водачите на отпорот избегале во странство.

Во вчерашната видео порака, авганистанскиот потпретседател Амрула Салех рече дека живее во родната провинција Панџшир и дека отпорот продолжува.

Борбите се водат пет дена помеѓу фронтот на отпорот и талибанците над долината Паншир. Пред тоа, имаше кратки и неуспешни преговори за изнаоѓање мирно решение за конфликтот. Портпаролот на отпорот рече дека талибанците му понудиле на Масуд функција во нивната влада, но тој одбил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Претепана жена на протестот во Кабул

Следно

Америка на нозе: Во Тексас стапува на сила ригорозен закон за абортус, интервенира Бајден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian