ВИДЕО: Ужас во Русија – маж грабнал девојка и девет дена се изживувал врз неа во подрум

1 min read

Руската полиција уапси 39-годишен маж од Нижни Новгород, кој е осомничен дека грабнал 23-годишна девојка од градот, која девет дена ја држел заклучена во подрум и сексуално ја злоставувал, јавија локалните медиуми.

Полицијата се сомнева дека грабнувачот се запознал со жртвата преку веб-страница за контакти, по што ја киднапирал и ја заклучил во подрумот.

Жртвата им изјавила на полицајците дека мажот ѝ се заканил со нож кога првпат се сретнале и ја одвел во подрумот, по што започнало деветдневното измачување.

„Жртвата е пронајдена благодарение на добро изведената истражувачка работа“, соопштија властите, без да наведат детали.

Според руските закони, на киднаперот му се закануваат до 30 години затвор за грозоморното злосторство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

32 починати пациенти и 708 нови случаи на ковид-19

Следно

Македонија е домаќин на 15 Балкански кикбокс шампионат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian