ВИДЕО: Протест против ковид-мерките во Париз

1 min read

Стотици луѓе се собраа попладнево во Париз, на протест против епидемиолошките мерки на француските власти, како и против задолжителната вакцинација за некои категории од населението.

Демонстрациите ги предводи Флоријан Филипо, лидерот на движењето „Патриоти“, а протестот се одржува под мотото „За слобода“. Во јули, Филипо најави дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во земјата во 2022 година.

Од јули наваму, движењето „Патриоти“ одржа низа слични протести, откако француските власти воведоа нови мерки за заштита од Ковид-19, меѓу кои се задолжителните сертификати за вакцинација, негативни тестови или потврди дека луѓето ја прележале болеста, за влез во ресторани, културни објекти и слично.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лидерот на СНС Вучиќ и на социјалистите Дачиќ договараат  коалиција  за  претстојните избори

Следно

Гугл ги заклучи е-налозите на авганистанската Влада поради талибанците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian