ВИДЕО | Претепана жена на протестот во Кабул

1 min read

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од жена која била претепана за време на протестот во Кабул.

„Рабин Садат била претепана од Талибанците за време на протестот во Кабул. Апсолутно за осуда“, беше еден од коментарите што беа предизвикани од објавената снимка.

Треба да се потсети дека неколку десетици авганистански демонстранти се собраа вчера пред претседателската палата во Кабул.

Тие го повикаа новото талибанско раководство во земјата да ги почитува правата на жените и да ги вклучи во идната влада.

На еден од влезовите во претседателската палата, десетина жени рекоа дека не сакаат земјата да се врати во минатото.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гугл ги заклучи е-налозите на авганистанската Влада поради талибанците

Следно

Водачот на отпорот во Авганистан се закани дека ќе ја продолжи борбата против талибанците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian