В недела од 18.00 часот по македонско време избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го имаат петтиот натпревар од квалификациите за СП против Исланд во Рејкјавик.
Многу важен натпревар за популарните „рисови“ кој може многу да каже дали сме во сериозна трка за Мундијалот во Катар следната година или повторно ќе се „лизнеме“ и направи одново чекор назад.
Недостасуваше реализацијата против Ерменија, од нашиот табор се надеваат дека токму утре ќе ги има головите, секако во овој случај во исландската мрежа.
За нас, секој следен меч е најважен, така и овој со Исланд. Наше е до крај да останеме во трка за тоа второ место
View this post on Instagram
Како што и нашиот стратег најави, треба да бидеме на нашето најдобро ниво доколку сакаме позитивен резултат на ова гостување.
Во продолжение погледнете дел од официјалниот тренинг кој го имаше нашата сениорска селекција на стадионот од каде што ќе се обиде да си замине со сите три бода.
Милевски: Ривалот сака повеќе да ја има топката, ќе биде неизвесно во Рејкјавик