ВИДЕО: Митровиќ двоен стрелец, Србите го делат врвот со Португалија

1 min read

Во својот четврти натпревар од квалификациите за Светското првенство, репрезентацијата на Србија денеска во Белград ја оправда фаворитската улога против Луксембург (4:1).

За домаќините двапати во листата на стрелците се запиша Митровиќ во 22 и 35 минута од средбата на стадионот „Рајко Митиќ“.

Гостите намалија преку Тил во 77 минута, а автогол си постигна Шанот во 82 минута за 3:1. Конечниот епилог го постави Миленковиќ после асистенцијата на Јовиќ во самиот финиш од мечот (90+6`).

Во истата квалификациска група „А“ Ирска само ремизираше 1:1 пред своите навивачи во Даблин против селекцијата на Азербејџан.

Моментно на табелата на делба на првото место после четири кола по 10 бодови се Србија и Португалија, следува Луксембург со шест, а по еден имаат Ирска и Азербејџан.

Во другите мечеви: Финска – Казахстан 1:0, Кипар – Русија 0:2, Летонија – Норвешка 0:2 и Словенија – Малта 1:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алармантни корона-бројки во Албанија, отворена уште една ковид-болница

Следно

ВИДЕО: Нека биде победнички танц на „рисовите“, официјален тренинг во Рејкјавик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian