ВИДЕО: Маж брутално нападна три девојки во Приштина, но тие се одбранија

1 min read

Видеоснимка од брутален напад на маж врз три девојки во Приштина е објавена на социјалните мрежи во Косово. Инцидентот се случил сред бел ден, а на почетоот на снимката се гледа како трите девојки стојат пред салон за масажа каде работат.

Во еден момент, тие забележаа како доаѓа напаѓачот, а две од нив се повлекоа во салонот. Гневниот маж почна да ја удира со тупаници и со гумен пендрек едната од девојките, а нејзините колешки се спротивставија.

Откако девојките успеаја да му го одземат пендрекот и да го искористат во своја одбрана, дрскиот напаѓач избега.

Според локалните медиуми, една од нападнатите девојки изјавила дека напаѓачот бил незадоволен клиент на салонот, кој наводно „побарал услуга повеќе од обична масажа“ и бил одбиен.

Косовската полиција соопшти дека трага по насилникот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Црна Гора ангажирани над 1.800 полицајци за спречување инциденти пред устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во Цетиње

Следно

Документ покажува како Османлиите проверувале дали некој е вакциниран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian