Македонизмот не е ригиден балкански национализам. Тоа е чин на патриотизам и лојалност кон својата земја. Денот на државноста е потценет како мотив и воспитување за одбележување и негување на капиталот на Денот на самостојноста.
За „Утрински брифинг“ на оваа тема говори проф. Александар Литовски.
– Не само со 8-ми Септември, туку и со сите други празници некако како да се заборава улогата на празниците. Празниците имаат своја улога во сите држави, па така треба и кај нас да биде – да се кажат оние важни моменти за да се изгради правилно чувство на патриотизам кон државата и на некоја лојаност. Да се добие чувство на државност, смета Литовски.
Според него отсуствува чувството на државност пред се кај политичките елити:
-Мислам дека еден од главните проблеми на оваа наша 30-годишна транзиција е токму тоа – немањето чувство на државност, особено немањето чувство на државност кај политичките елити, а тоа се гради меѓудругото и со давање значње на празници како 2-ри август, 11-ти октомври, 8-ми септември, вели Литовски.
На прашањето дали тоа значи дека немаме култура на негување на историските факти и чинови, Литовски со одговор:
– Немаме култура, тоа е нешто за што политичарите, бидејќи веројатно тие го прават овој амбиент, немаат разбирање дека чувството за државност е важно за градење на државата. Тоа после се пресликува во сите сегменти – администрација, култура, наука и сето општествено живеење за да се добие една права насока и да се избегнат грешките во самиот развој, објаснува Литовски.
Прашан за тоа дали ние после три децении на современа Македонија, кон македонизмот приоѓаме со епитетите на патриотизам и лојаност или со критика на т.н национал-романтизам, професор Литовски смета дека тоа се должи на неукоста и недоволното историско образование на политичарите и политичките елити.
Целиот разговор ќе може да го погледнете на почетокот на третата сезона на „Утрински Брифинг“.