Вкупно осум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, по физичката пресметка меѓу две групи работници од Косово, која прераснала во престрелка, јавуваат италијанските медиуми.
Полицијата уапси две лица кои учествувале во инцидентот што се случи утрово.
Очевидец за италијанската агенција АНСА изјави дека судирот траел околу десетина минути, а минувачите барале засолништа од дождот куршуми.