ВИДЕО: Демонстранти се судрија со полицијата и го пробија кордонот кај Цетиње

1 min read

Група од неколку десетици демонстранти против поставувањето на митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије на функцијата, попладнево го проби полицискиот кордон пред Цетиње и се судри со полицајците, додека во Подгорица се подготвуваше свечената литургија која ќе ја одржи патријархот на СПЦ.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како дошло до судирот на еден кружен тек пред влезот во градот, каде беше поставена полициската блокада. Демонстрантите претходно денеска го блокираа кружниот тек со автомобилски гуми и шут, за да го спречат поминувањето на српскиот патријарх Порфирије, кој ќе присуствува на церемониите.

Насобраните граѓани извикуваа: „Ова е Црна Гора“, „Вива Монтенегро“ и „Ова не е Србија“.

Според црногорските медиуми, голем број граѓани се упатиле и од Никшиќ кон Подгорица, за дочекот на патријархот на СПЦ, во соборниот храм на Христовото воскресение, закажан за 18 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради недостиг од чипови „Џенерал Моторс” затвора привремено осум од 15 фабрики

Следно

Социјалистите го предлагаат Рама за мандатар на идната албанска влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian