Србинките без трето злато по ред, Италија е нов европски шампион во одбојка

1 min read

Денеска женската одбојкарска репрезентација на Србија не успеа да ја одбрани титулата шампио на Европа, откако во финалето загуби со 3:1 од Италија со резултат 1:3 во сетови 26:24, 22:25, 19:25 и 11:25.

Србинките ја имаа поддршката во „Штарк Арената“ во Белград, но не успеаја да го обезбедат својот трет златен медал по ред.

Во победничките редови Егону имаше 29 поени, девет помалку запиша Сила, 13 беа дело на Нвакалор, а на спротивната страна 20 поени имаше Бошковиќ, 13 Поповиќ, а 12 Рашиќ.

За Италијанките ова е трета европска титула во нивната историја, претходно се искачија тронот во 2007 и 2009 година.

Претходно во борбата за третото место селекцијата на Турција беше подобра од Холандија со 3:0 во сетови 25:20, 25:19 и 25:23.

ВИДЕО: Досега невиден „проектил“, Тијана Бошковиќ е нова светска рекордерка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Солиден настап на Иџе, Стефановски осмопласиран на патеката „Имола“

Следно

Москва тврди дека има докази оти Навални го финансирале западните земји

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian