Спировски: Исланд е убава шанса да стигнеме кон второто место во групата

1 min read

Нашите најдобри фудбалери се веќе во Рејкјавик каде што в недела од 18.00 часот по македонско време ќе го имаат петтиот настап во квалификациите за Светското првенство против Исланд.

Септемврискиот циклус го започнавме со реми во Скопје пред два дена (0:0) против Ерменија, бод на кој повеќе се радуваше противникот, а истиот ден Исланѓаните загубија дома од Романија со 0:2.

Моментно на табелата во квалификациската група „Ј“ води Ерменија со 10 бодови, пред Германија која има девет, Македонија седум на третата позиција, Романија шест, Исланд три, а Лихтенштајн без бодови.

– Натпреварот со Ерменија беше прв за нас со новиот селектор, со нови замисли, нови идеи. Мислам дека добро се прилагодивме на стилот кој го бара селекторот, но Ерменија добро се бранеше, а ние не ги искористивме тие шанси кои ги имавме. Но, затоа сега сме тука во Исланд, да пробаме да ги надокнадиме тие изгубени два бода.

Тие играчи кои немаат минутажа, мислам дека тоа не е некој голем проблем, бидејќи доаѓаме да играме за нашата држава, тука сè останува позади нас. Дали играш или не, максимално сме подготвени и го даваме максимумот за националниот дрес.

Мислам дека групата е израмнета, еве да ја тргнеме настрана Германија, за второто место сите други имаат шанси. Мечот в недела против Исланд убава шанса да пробаме да ја стигнеме Ерменија и да направиме еден чекор напред кон тоа второ место кое носи бараж – вели репрезентативецот на Македонија, Стефан Спировски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

НБА: Вакцинираните играчи не мора редовно да се тестираат

Следно

Османи: МНР станува зелена институција, ќе се користат велосипеди и ќе се штеди хартија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian