Солиден настап на Иџе, Стефановски осмопласиран на патеката „Имола“

1 min read

На денешната прва трка на „Имола“ во ТЦР шампионатот на Италија македонскиот автомобилист Игор Стефановски го освои осмото место.

Нашиот Иџе на оваа италијанска патека стартуваше од 16 место, но веднаш уште од самиот почеток ги престигнуваше ривалите и го подобруваше својот пласман.

На крајот заврши како осмопласиран, иако во одреден период од трката беше и на седмата позиција. Најдобар беше Салваторе Тавано, а на победничкиот подиум се најдоа уште Никола Балдан и Мишел Имберти.

– Задоволен од извозеното, со оглед на тоа што стартувавме од 16 позиција. Добра борба, ме радува што сите престигнувања беа направени во борба, фактички сите конкуренти што ги поминав едноставно беа поминати во возење без да се откаже некој од нив и навистина уживав во возењето.

Мал хендикеп е што добивме удар од конкурентите позади и комплетниот ауспух на возилото мислам дека шест круга пред крајот, скроз испадна од возилото, немав ауспух и звукот беше стварно неподнослив и не знаев што се случува, но после сфатив дека комплетниот ауспух е испаднат.

Можеби ќе дадевме уште некоја мала борба да пробав да стигнам уште некои конкуренти, но за жал, по откажувањето и излетувањето на ауспухот, перформансите беа далеку послаби на возилото. Задоволен, благодареност ПМА тимот за сето она што го направија на возилото, на мојот Стефановски рејсинг тим. Благодарам за поддршката, утре за жал стартувам од 16 позиција, но ќе се потрудам да уживам како и денеска – рече Стефановски после првата трка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Партискиот лидер Биљал Касами официјално е кандидат на Беса за градоначалник на Тетово

Следно

Србинките без трето злато по ред, Италија е нов европски шампион во одбојка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian