Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави денеска на ТВ Прва дека е загрижен за ситуацијата во Црна Гора околу утрешното устоличување на митрополитот Црногорско приморски на СПЦ Јоаникиј на Цетиње, но додаде дека се надева дека нема да има ексцеси.
Селаковиќ додаде дека секој има можност да изрази несогласување на достоинствен и цивилизиран начин.
-Секоја религија пропагира мир, а така е и со светосавската, во православието. Важно е устоличувањето да зрачи со пораки за мир, како и сe да помине во мирна атмосфера, но ќе видиме како ќе помине. Исто така, важно е со Црна Гора да градиме партнерски односи.
Тој порача дека Србија ја почитува Црна Гора како суверена држава.
-Таму живеат голем број припадници на српскиот народ, тие се верници на Српската православна црква, затоа е важно се да помине мирно. Митрополитот Јоаникије не потекнува од Тимочка краина или околината на Врање. Тој е роден е во Црна Гора, тој е автентичен претставник на српскиот народ од Црна Гора. Црногорско-приморската митрополија постои со векови, додаде Селаковиќ.
Извор: МИА