Т. Пролет забележа извонреден резултат откако денеска славеше на реванш натпреварот во Шпанија против Гранолјерс со резултат 29:27 во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
На возвратната пресметка Михаил Аларов остигна седум гола од осум обиди, а по четири погодоци во овој голем триумф постигнаа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски.
Со овој резултат, играчите на тренерот Андон Бошковски достојно се простија од европските купови за оваа натпреварувачка сезона.
А веќе следната седмица ги го очекува првиот дуел од нашата Супер-лига, на гостински терен против градскиот ривал Металург.