Професорка или бизнисмен, кого Алијанса за Албанците ќе кандидира во Тетово

1 min read

Собранието на огранокот на Алијансата за Албанците (АА) утре во Тетово ќе одлучува меѓу професорката Вјолца Бериша, која е и претседателка на Форумот на жени на оваа партија и бизнисменот Вулнет Муресели за кандидатите за општина Тетово, дознава “Слободен печат”

– И Вулнет Мурсели и Вјолца Бериша се потенцијални кандидати. Собранието на огранокот во Тетово ќе одлучи утре. И двајцата се номинирани од локалните структури и имаат поддршка и од централните. Нема разлика, нема поделба, нема судир – вели за „Слободен печат“ висок функционер на АА.

Политичките партии мора да ги достават своите листи со кандидати за градоначалник и општински советник до ДИК до 11 септември на полноќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Манолева-Николовска: Се сомневам дека докторите инфлуенсерки ќе ве држат за рака додека во болница бдеете над здравјето на вашите деца

Следно

Дотраените бараки стари повеќе од 60 години ги заменуваме сo нови амбуланти, вели Филипче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian