Притворениот дипломат Миленкоски го спасувал братот на поранешниот претседател на Ерменија

1 min read

Медиумите во Ерменија пишуваат за скандалот со македонскиот дипломат Миле Миленкоски, кој беше приведен во Србија под сомнение дека заедно со уште двајца вработени во македонското МНР, учествувал во акција за спасување на ерменски олигарх, обвинет за перење пари во неговата земја.

Според медиумите, контроверзниот бизнисмен од Ерменија е Левон Саргсјан, кој во 2018 година успеал да избега од властите во Ерменија со помош на македонските дипломати.

Миленкоски, како што претходно пишуваше Слободен Печат, е роднина на поранешниот шеф на македонското разузнавање Сашо Мијалков. Дипломатот бил уапсен на 27 август во Врање, по што се наоѓа во притвор во Србија.

Во септември минатата година, ерменски суд издал уште еден налог за апсење на Саргсјан, кој инаку е брат на поранешниот претседател на државата, Серж Саргсјан. Тој е обвинет и во рамки на истрага за злоупотреби во проектот за изградба на патен коридор во Ерменија. Според обвинението, Левон Саргсјан бил вмешан во изборот на подизведувачите на овој проект како амбасадор во тоа време. Тој е обвинет поради тоа што побарал 50% од очекуваниот профит на компанијата, како и за перење пари и корупција.

Ерменските власти и натаму трагаат по олигархот, по кого има важечка потерница издадена врз основа на обвинение за недозволено збогатување и лажна пријава на имот, јавија ерменските медиуми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пролет е елиминиран, но забележа голема победа во Шпанија

Следно

Алармантни корона-бројки во Албанија, отворена уште една ковид-болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian