Нов, посилен земјотрес вечерва почувствуван во струмичкиот регион

1 min read

Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу 23 часот и 30 минути кај Струмица, откако серија послаби потреси беа почувствувани во регионот во изминатите денови.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 33 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.0, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, додаваат сеизмолозите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нишикори само го налути Ѓоковиќ, првиот светски рекет во осминафиналето на „УС Опен“

Следно

Денес се празнува Светиот маченик Луп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian