Нишикори само го налути Ѓоковиќ, првиот светски рекет во осминафиналето на „УС Опен“

1 min read

Денеска во 1/16 финалето на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк (САД), првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ славеше против Јапонецот Кеи Нишикори со 3:1 во сетови 6:7 (4), 6:3, 6:3 и 6:2 за три и пол часа игра.

За пласман во четвртфиналето српскиот ас ќе игра против победникот од мечот Аслан Карацев (Русија) и Џенсон Брускби од САД.

Пласман во осмифиналаето обезбеди и осмиот носител, Италијанецот Матео Беретини кој во пет сета со 3:2 го елиминираше Белорусинот Илја Ивашка со 7:6 (5), 2:6, 4:6, 6:3 и 3:6.

Во следната фаза Беретини ќе игра против Германецот Оскар Оте кој со 3:1 беше подобар од Андреас Сепи (Италија) со 6:3, 6:4, 2:6 и 7:5. Последната осминафинална двојка ќе се дознае по мечевите Зверев – Сок и Монфис – Синер.

Во женска конкуренција шестата носителка Бјанка Андреску од Романија убедливо со 6:1 и 6:2 ја елиминираше Гретје Минен од Белгија.

Противничка на Андреску во осминафиналето ќе биде грчката натпреварувачка Марија Сакари која со 6:4 и 6:3 ја исфрли Петра Квитоа од Чешка.

Триумфи во 1/16 финалето постигнаа уште Швајцарката Бенчиќ против Американката Пегула (2:0), и Радукану од Велика Британија против Сорибес Тормо (Шпанија) исто така со 2:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СПЦ попушти под притисоците, Митрополитот Јоаникије нема да биде устоличен на Цетиње

Следно

Нов, посилен земјотрес вечерва почувствуван во струмичкиот регион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian