НБА: Вакцинираните играчи не мора редовно да се тестираат

1 min read

Кошаркарската лига НБА им соопшти на клубовите дека на вакцинираните играчи нема да им треба редовно тестирање, додека оние кои не се целосно вакцинирани ќе треба да се тестираат секој ден, без разлика дали станува збор за тренинзи, патувања или натпревари.

Како што е наведено, не се очекува целосно вакцинирани НБА играчи и тренери да одат на редовно тестирање на коронавирус оваа сезона.

Исклучоци се ситуации кога играч или тренер има симптоми поврзани со инфекција со коронавирус, или бил изложен на невакциниран играч кој бил позитивен.

– Оние кои не се целосно вакцинирани ќе треба да бидат тестирани во деновите кога тренираат, патуваат, а на денот на натпреварот најверојатно ќе бидат тестирани двапати. Исто така, ќе мора да носат маска во тимските објекти, како и за време на патувањето – се вели во соопштението.

Лигата претходно ги извести клубовите дека секој што работи на растојание помало од 4,57 метри од играчи, тренери и судии во текот на 75 НБА сезона ќе мора да биде целосно вакциниран.

Судиите во НБА, исто така, ќе бидат целосно вакцинирани за натпреварите во сезоната 2021/22. Тренинг камповите ќе започнат со работа на 28 септември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„ПСС Рејсинг Тим“ со одлични квалификации во Германија, Давидовски стартува второпласиран

Следно

Спировски: Исланд е убава шанса да стигнеме кон второто место во групата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian