На Табановце се чека час и половина за излез од Македонија

1 min read

На граничниот премин Табановце за излез од Македонија има задржување од 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Две групи Косовари се пресметуваа со пиштоли во Трст, осуммина се повредени

Следно

Барди: Против Исланд многу работи ќе зависат од нас на теренот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian