Москва тврди дека има докази оти Навални го финансирале западните земји

1 min read

Официјална Москва денеска соопшти дека има докази оти рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални бил финансиран од амбасадите на неколку западни земји.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека најголем број донации за организацијата на Навални дошле од дипломатските претставништва на САД и Германија.

„Ги прочитав информациите дека десетици службеници на странските амбасади во Русија се меѓу оние кои ги спонзорирале проектоте на Навални. Утврдив дека тоа не биле лажни вести. Се е потврдено. Шемата е следна: Странските амбасади во Русија вработувале руски државјани, им исплатувале пари, а тие потоа ги префрлале тие средства на соодветните структури. Погодете преку кои амбасади оделе повеќето од тие донации. Точно, преку дипломатските мисии на САД и Германија,“ вели Захарова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србинките без трето злато по ред, Италија е нов европски шампион во одбојка

Следно

ВИДЕО: Украина „претплатена“ на реми, Данците имаат „пет од пет“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian