Младиот Марко успеа во подвигот – исплива од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

1 min read

13-годишниот пливач од Охрид, Марко Пејчиноски, успеа во својот последен подвиг – исплива од Охрид до Струга и назад до родниот град за нешто повеќе од девет часа.

Маратонската релација Марко ја исплива во знак на поддршка за децата со ретки болести.

„Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, објави фејсбук-страницата на Пејчиноски.

Младиот охридски пливач подолго време ѝ е познат на македонската јавност – тој на 28 август 2018 година го преплива Охридското Езеро за девет часа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алијанса за Албанците: Германската фондација Конрад Аденауер ги обучува нашите кандидати

Следно

Милевски: Ривалот сака повеќе да ја има топката, ќе биде неизвесно во Рејкјавик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian